HomeФЕР ПЛЕЈОлимпијците кои го разочарале Ким Џонг Ун ќе завршат во рудници?!

Олимпијците кои го разочарале Ким Џонг Ун ќе завршат во рудници?!

Лидерот на Северна Кореа наводно издал наредба за казна на сите спортисти кои не ја претставиле оваа земја во вистинско светло на Олимписките игри во Рио. Како што пренесуваат англиските медиуми, Ким Џонг Ун им наредил на своите спортисти во Рио да освојат најмалу 17 медали, од кои пет златни, а тие се вратија само со два златни медали, три сребра и две бронзи, па сега ќе бидат принудени да трпат последици.

Посебно бил бесен бидејќи Јужна Кореа освоија дури 21 медал, од кои девет златни. Експертот за тоталитарни режими, како овој во Кореа, Тошимитсу Сигемура, вели дека оние кои ќе освојат медал ќе добијат награда.

„Оние кои освоија медал ќе бидат наградени со подобро место за живот, добар автомобил, можеби и со некои други поклони од страна на режимот. Но, Ким беше лут и разочаран од резултатите. За оние кои смета дека го издале ќе бидат казнети со помали порции оброк, исто така најверојатно ќе ги пресели и во полошите делови од градот во кој живеат, а можно е да ги испрати и на работа во рудници. На нив ќе им биде дозволено да се вратат после една или две години“, смета Сигемура.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com