HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураОливера Доневска ви нуди надеж со романот „Цутот на црешите“

Оливера Доневска ви нуди надеж со романот „Цутот на црешите“

Писателката Оливера Доневска повторно ќе се претстави пред читателите со нов роман насловен „Цутот на црешите“ кој е нејзин трет по ред. Одлична можност за да ја запознаете Доневска и нејзината нова книга ќе имате на 5 април за кога е закажана промоцијата на „Цутот на црешите“.

Претходно читателската публика ја запозна Доневска преку автобиографијата „Жената со скршено крило“ каде авторот буквално ја соголи душата пред читателите и на емотивен начин без никакви описи ја раскажа нејзината борба со болеста на синот и борбата со карциномот кој ја нападна во 2011 година.

Денес таа се реши низ нови ликови да го опише чувството кое ја надвладува во време после примените терапии. Преку измислени ликови кои на Ана- главниот лик во романот „ Цутотот на црешите“ и поставуваат прашања, таа се обидува да им даде одговор, наликува како авторката да си дава сама на себе одговори. За овој роман рецензентот Слаѓана Брезовкса ќе каже:

На самиот почеток читателот е воведен во психолошка рамнодушност на главниот лик Ана. Вртејќи ја секоја следна страница Доневска ве води заинтересирано да зачекорите со сопствениот обид во одгатнување на гласната и внатрешна репетиција на Ана „Зошто да не?“ Минатото на главниот лик е сржта на овој роман кое е патоказ за одбивање на сопствената можност за посветла иднина. Во сегашноста која ја живее и „на парчиња свесно ја сече сопствената свест“ додека провејува нејзиниот ироничен (внатрешен) дијалог со отсуство на чувства- поглед кон животот, изненадувачки расцветува за да го доживее крајот кој ретко кој читател може да го предвиди.

Промоцијта на романот ќе се одржи на 5 април во хотелот Опера хаус со почеток во 20 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com