HomeДЕНЕШНАСветОд „Youtube“ заработка од осум милиони долари

Од „Youtube“ заработка од осум милиони долари

Компанијата на шведската ѕвезда на популарната социјална мрежа „Youtube“ која се претставува како PewDiePie, во 2015 година имала заработка од 8.1 милиони долари, открива годишниот извештај во Шведска. PewDiePie чие вистинско име е Феликс Кјелберг, е познат по своите хумористични и саркастични коментари на видео-игри.

feliks 1

Феликс има речиси 50 милиони луѓе кои го следат неговиот канал на „Youtube“, повеќе од Џастин Бибер и Ријана. Магазинот „Тајм“ го прогласи 26-годишниот Швеѓанец кој живее во Брајтон во Велика Британија, за една од 100 највлијателни личности на денешницата.

Неговата компанија „Pewdie Productions AB“ пријави раст на профитот од 12 отсто во 2015 година година, додека самиот приход забележа раст од 18 отсто во однос на минатата година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com