HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд полноќ нова цена на дизел горивата

Од полноќ нова цена на дизел горивата

Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,15 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 22,763 денари за килограм.

Како причина за промената на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,6 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите14 дена и за 0,42 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com