HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд ноќеска нови цени на бензините

Од ноќеска нови цени на бензините

Бензините од ноќеска ќе се продаваат по цена пониска за половина денар, додека дизелот ќе се продава по старата цена, известуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС-95 ќе биде 62 денари, додека новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 64 денари за еден литар. Малопродажните цени на Еуродизел и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година. Со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 47 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35, 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот (М-1 НС) ќе изнесува 19,4 денари за еден килограм.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com