HomeДЕНЕШНАСветОд марихуана се станува зависен, открива нова студија

Од марихуана се станува зависен, открива нова студија

За марихуаната најчесто се вели дека е најлесниот вид на дрога и дека тешко се станува зависен, но во ново истражување во кое биле опфатени редовни консументи на канабис се откриваат причините за јавување на зависност во мозокот.

Во групата имало уживатели на канабис кои секојдневно пушеле марихуана, како и луѓе кои воопшто не користеле. Целта на истражувањето било да се види како реагира мозокот при добивање на одреден вид на награда.

При тестот се користеле како награди овошје, пенкало и џоинт или луле со марихуани. Редовните корисници при скенирање на мозокот покажеле поголема активност во центарот за награда токму за предметите поврзани со марихуаната, а помалку за овошјето или пак неутралната награда.

Тие што не биле пушачи на марихуана немале толку изразени мозочни активности бидејќи не биле доволно мотивирани. Оваа поврзаност научниците сметаат дека ја „раѓа“ зависноста од марихуана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com