HomeДЕНЕШНАРепубликаОд денес Македонците ќе можат во Косово да oдат со лична карта

Од денес Македонците ќе можат во Косово да oдат со лична карта

Од денес, државјаните на Република Македонија и Косово ќе можат границата да ја минуваат само со лични парти. Со ова стапува на сила договорот потпишан на 8-ми февруари од страна на македонскиот и тогашниот косовски министер за надворешни работи, Никола Поповски и Хашим Тачи.

Утре ќе има церемонија поради стапување на сила на Договорот помеѓу двете земји.

Инаку, од Министерството за внатрешни работи на Косово, велат дека церемонијата ќе се одржи во просторот помеѓу граничниот премин Генерал Јанковиќ и Блаце. Личните карти со кои ќе може да се поминува мора да бидат биометриски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com