HomeСТУДЕНТУМОд денеска започнува екстерното тестирање

Од денеска започнува екстерното тестирање

Од денеска до 11 јуни ќе се спроведува екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани денеска предметот им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com