HomeРЕФЛЕКТОРМузикаОдржан концерт на најголемиот оркестар во светот!

Одржан концерт на најголемиот оркестар во светот!

Повеќе од 7.500 музичари се собрале во саботата навечер на фудбалскиот стадион во Франкфурт поради посебен настап, концерт на најголемиот оркестар во светот! Неколку оркестри и аматерски здруженија од Германија, Австрија и Холандија се собрале на концертот со точно 7.548 музичари, со што е срушен и поранешниот Гинисов рекорд постигнат во 2003 година во Австралија со 7.224 музичари.

Џиновскиот оркестар свирел делови од симфониските дела на Антоњин Дворжак и Лудвиг ван Бетовен како и песната на Џон Мајлс „Music Was My First Love“.

najgolem koncert vo svetot

Организаторите на концертот изразиле надеж дека овој настан ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи, според нивните проценки, ги исполниле сите критериуми за постигнување на светски рекорд.

najgolem koncert vo svetot 2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com