HomeДЕНЕШНАСветОдржана првата геј парада во Косово

Одржана првата геј парада во Косово

Неколку стотици припадници на хомосексуалните и лезбејските заедници во Косово ја одржаа на улиците во Приштина својата прва парада во Косово. Колоната ја предводеше претседателот на Косово Хашим Тачи. Учесниците на парадата под големо полициско обезбедување го прошетале центарот на Приштина, веејќи знамиња во истите бои како кога се одбележува Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата.

Во колоната се нашле голем број на јавни личности, како и поранешната претседателка Атифета Јахага. Покрај Тачи, на чело на колоната во Приштина присуствувале и британски и американски амбасадори, кои на тој начин сакале да изразат поддршка кон лицата од ЛГБТ заедницата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com