HomeДЕНЕШНАПолитикаОдново ќе се суди за „Диво Насеље“ со осомничени жители кои ги помагале терористите

Одново ќе се суди за „Диво Насеље“ со осомничени жители кои ги помагале терористите

Судот реши да ги спои двата случаи за нападите во кумановско Диво Насеље со тоа што процесот ќе започне отпочеток откако покрај на терористите кои беа инволвирани во престрелките ќе им се суди и на жители на населбата кои се обвините дека им помагале и служеле како логистика.

obvineti divo nasele2

„Судот донесе решение на 4.5.2016 година со кое се врши спојување на постапките. Од тоа произлегува дека има 37 обвинети, 15 адвокати, голем број на лица кои го обезбедуваат спроводот на обвинетите од казнено-поправните установи, новинари заинтересирани да ги следат рочиштата, како и голем број на припадници на МВР кои безбедносно го обезбедуваат просторот околу судските згради, поради што Судот дополнително ќе се произнесе каде ќе се одржуваат рочиштата за новиот предмет“, рече судијката Петковска.

На оваа одлука се спротиставија адвокатите на обвнитетите кои сметаат дека се нарушува економичноста на водењето на процесот и сите досегашни потрошени средства за спроведување и одржаните рочишта исто како да пропаднале во вода, а се забавува целата постапка што може да доведе до нефер судење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com