HomeДЕНЕШНАПолитикаОдново им се суди на терористите од Диво Насење кои се изјаснија невини

Одново им се суди на терористите од Диво Насење кои се изјаснија невини

Судењето за осомничените терористи и нивните помага започна одново откако двата предмета беа споени во еден процес, а конечно се обезбеди и големата сала во Врховниот суд како единствена во која има услови за сместување на сите 37 обвинетите. Адвокатите и осомничените повторно посочија дека не се терористи и дека целиот случај има сосема други мотиви, а беше побиено и вештачењето на доказите обезбедено од МВР за кое сметаат дека доаѓа од истиот орган кој и ги гони.

Јавниот обвинител Наум Пановски, во воведен говор пред Судот рече дека голем дел од обвинетите се познаваат и имале контакти што, според обвинителот, се докажува со ПИМ мерките. Постои совпаѓање, рече обвинителот Пановски, на ДНК материјалите најдени во Гошинце со оние во Дива населба.

Обвинителот Пановски рече дека има докази за постоење на хиерархија, и Обвинителството ќе ја докаже улогата на секој обвинет, како и вмешаноста во настаните и сторување на кривичните дела. Според одбраната на обвинетите, фактот што обвинетите се познавале меѓу себе не е доказ дека тие се вмешани во тероризам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com