HomeДЕНЕШНАРегионОдложено гласањето за визната либерализација на Косово

Одложено гласањето за визната либерализација на Косово

Европратничката и известувач за визниот режим за Косово Тања Фајон соопшти дека се одлага визната либералзиација за граѓаните на оваа земја. Одложено е гласањето за визна либералзиација на Косово од 12 јули за 5 септември. Гласањето најмногу зависи од ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Жал ми е, но оваа одлука ја донесов бидејќи не е забележан никаков потребен напредок кога се однесува на исполнувањето на последните критериуми, посебно рафикацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Искрено очекувам Парламентот на Косово да ја ратификува оваа спогодба што е можно побрзо, дури и пред летниот одмор, бидејќи тоа ќе ми овозможи да предложам одлука на есен и ќе обезбедам целосна поддршка во Комитетот за мојот предлог за укинување на визите за Косово, изјави Фајон, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com