HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдличниот Италијанец пред трансфер во Кина!

Одличниот Италијанец пред трансфер во Кина!

Напаѓачот на репрезентацијата на Италија како што стојат работите својата кариера ќе ја продолжи во Кина. Како што шпекулираат медиумите, Грацијано Пеле е на чекор од потпис со екипата на Шандонг Луненг од кинеската Супер лига. Саутемптон би требало да добие 13 милиони фунти за неговите услуги, а на тој начин ќе профитира пет милиони, бидејќи за осум го купија од Фејнорд.

Пеле во Кина ќе има астрономски примања, а се верува дека му е понудена плата од 125 илјади фунти на неделно ниво, што би значило дека годишно ќе инкасира околу 6 милиони фунти. На Пеле му остана само уште една година од договорот, па Саутемптон со оваа продажба направи добра зделка.

Пеле беше на мета на Јувентус и Лацио, но Италијанецот слично како и Хулк и Џексон Мартинез наместо слава одбра пари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com