HomeДЕНЕШНАПолитикаОдбиена жалбата на СЈО, нема мерки на претпазливост за Јанкулоска

Одбиена жалбата на СЈО, нема мерки на претпазливост за Јанкулоска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 18 јули 2016 г. со кое беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против Г.Ј. опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, донесе решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на судија на претходна постапка се потврдува“, стои во соопштението на судот.

Ова значи дека на поранешната министерка нема да и биде одземен пасошот и нема да има обврска секоја недела да се јавува во судот.

Јанкулоска е третоосомничена во предметот „Тврдина“ за уништувањето на системите на прислушување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com