HomeДЕНЕШНАРепубликаОдбележан Денот на ослободувањето на Струмица

Одбележан Денот на ослободувањето на Струмица

Струмица го одбележа 11 септември, Денот на ослободувањето со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк. На свеченоста по повод 72 годишнината од ослободувањето на градот присуствуваа градоначалникот Зоран Заев, членови на Советот на општина Струмица, претставници на локалната власт, на политички партии.

-За Струмица и струмичани, овој ден е повеќе од празник. Тоа се 72 години растеж, 72 години стремеж кон поубаво утре и конечно, 72 години продлабочена љубов меѓу градот и граѓаните. Таа љубов, таа нераскинлива врска, е клучниот фактор за успешниот опстој на ова парче од македонската земја. Овој светол ден не бара премногу од нас. Бара само малку внимание и почит, и рамноправен третман со другите значајни датуми од нашата богата историја. Бара само толку, ни помалку , ни повеќе. Ние сме тие што сме должни тоа да го исполниме, рече во пригодната реч, претседателот на Советот, Јосиф Христов.

Ги спомна хероите на Струмица, Благој Јанков – Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Јоска Свештарот, Боро Џони, Киро Минанов, Боро Поцков и останатите борци за слободата на Струмица и Македонија, оддавајќи им почит за жртвата за самобитност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com