HomeДЕНЕШНАРепубликаОгромни штети од невремето во Скопје, свлечишта и поплави, мобилизација на терен

Огромни штети од невремето во Скопје, свлечишта и поплави, мобилизација на терен

Припадници на војската и специјалните единици на МВР интервенираа во скопското село Стајковци кое беше најпогодено од силното невреме кое го зафати Скопје, каде повеќе граѓани биле заглавени во своите домови или автомобили, а надошла голема количина на вода.

poplava sk

Големи поплави има низ целиот град и долго време булеварите и подвозниците не беа проодни, а голем број на населби останаа и без струја.

nevreme sk

Во населбата Ченто дојде и градоначалникот Коце Трајановски кој изјави дека во тој дел е најкритично бидејќи од Скопска Црна Гора преку Булачани дошла огромна количина на вода и целата избила во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково.

Припадници на единицата за брзи интервенции, како и единицата за специјални задачи на терен им помагаа на луѓето.

poplavi sk

Во Скопската населба Аеродром обилниот дожд создаде и свлечиште, при што во голема јама за изградба на зграда се урнаа дел од улица во изградба, како и дел од паркинг на кој имаше возила. За среќа без човечки жртви.

Сите служби на државните институции се мобилизирани и цела ноќ ја поминаа на терен. Засега нема повтда на информациите за загинати или исчезнати лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com