HomeАНТИСТРЕСХороскопОвие три хороскопски знаци најчесто остануваат сами

Овие три хороскопски знаци најчесто остануваат сами

Откријте што велат ѕвездите за 3-те знаци кои имаат најголеми шанси да останат сами.

Близнаци
За припадниците на овој воздушен знак карактеристична е љубопитноста и детската природа. Токму нивната огромна љубопитност ги тера да го истражуваат светот и да се запознаваат со најразлични луѓе. За ова однесување многу им помага нивната комуникативност и фактот што секогаш се пријателски настроени. Тие ретко кога имаат какви било предрасуди, па токму таа карактеристика и често ги води кон емотивни проблеми.

За Близнаците карактеристично е да одбираат емоционално недостапни партнери или личности кои веќе се во врска или брак. Ако станува збор за првиот случај, тогаш тие се во состојба енормно да патат, но да не се откажат од идејата дека другата страна ќе се промени. Најголемиот проблем на Близнаците е тоа што главата им е често во облаци, па не ја гледаат добро реалноста. Токму затоа и постојано се заљубуваат во личност која е недостапна за нив.

Тие сметаат дека со доволно трпение и внимание ќе можат сè да свртат во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, тие губат многу време во исчекување на она кое го посакуваат за на крај повторно да бидат скршени. Најлошо од сè е што тие навистина сакаат брак и деца, но во поголемиот број случаи не ја одбираат соодветната личност за реализација на овие планови.

Лав
Лавот е вистински претставник на огнените знаци – енергичен, забавен и динамичен. Тој освојува сè пред себе. Припадниците на овој знак се многу зборливи, па лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Токму тоа и им овозможува да ја остварат својата најголема желба – да бидат обожувани и да им се восхитуваат. Врските во кои влегуваат се често од сексуална природа, иако другата страна неретко очекува и нешто повеќе од тоа.

Лавовите лесно кршат срца и не водат сметка дали некого повредуваат со своето однесување, дури и кога станува збор за личност која има деца. Но, по правило, дури и за нив секогаш се наоѓа личност која е фатална. Во тој момент тие се подготвени да му/ѝ го подарат цел свет и ја искажуваат својата љубов на необични начини. Без разлика колку е интензивна оваа врска, сепак Лавот останува сам бидејќи другата страна не може да ја поднесе неговата импулсивност.

Всушност, најголемиот проблем на Лавот е што тој би сакал личност која е секогаш тука за него, но сепак смета дека најдобро функционира доколку ништо не го сопира. Без разлика на врските кои следат по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува сам, размислувајќи за тоа колку неговиот живот би му бил различен доколку остареле заедно со оваа личност.

Водолија
Припадниците на овој воздушен знак се исклучително интелигентни и елоквентни, па во комбинација со нивниот силен шарм стануваат скоро неодоливи. Но, сепак овие карактеристики најчесто не им помагаат да бидат среќни и емотивно исполнети. Без разлика колку добро знаат да ги советуваат другите за љубовните проблеми, тие самите се водат кон пропаст. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со несоодветен партнер за нив.

Иако за Водолијата тоа е јасно уште од самиот почеток, нејзината природа ја тера да остане во таа врска со цел да види што ќе се случи на крајот. Тие воопшто не умеат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат 200%. Дури и да започнат добра врска, на нивниот партнер ќе му пречи слободниот ум и различниот поглед на светот кој ги издвојува од останатите.

Кога ќе почувствуваат дека другата страна ги забавува или заробува, тие ќе се обидат да се прилагодат, но најчесто бегаат пред да биде доцна. Тоа може да се случи дури и по формирањето свое семејство, бидејќи за нив идиличната семејна слика пред светот е помалку важна од сопствената состојба. Тие не сакаат да играат по туѓи правила, туку да живеат според своите верувања, па затоа и со самотија плаќаат за да го остварат тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com