HomeАЈНШТАЈНИЈААтласОва се 10-те најлоши карактеристики по кои Британците се препознаваат себе

Ова се 10-те најлоши карактеристики по кои Британците се препознаваат себе

Британците се изјаснија на анкета за карактеристиките кои најмалку им се допаѓаат кај себе. Речиси половина од испитаниците изјавиле дека не им се допаѓа стереотипната слика дека Британците се „пијаници“. По алкохолот, следи постојаното жалење, како и мрзата и лошите навики. Карактеристика која Британите најмногу ја сакаат кај себе е добрата смисла за хумор.

Еве ја листата на карактеристики кои Британците ги мразат кај себе.
1. Премногу пијат – 42 %
2. Игнорантски однос кон други култури – 37 %
3. Премногу се жалат – 27 %
4. Не се толерантни кон други општествени групи – 22 %
5. Многу се мрзливи – 19 %
6. Имаат лоши навики за јадење – 18 %
7. Премногу се песимисти – 17 %
8. Многу се дрски – 14 %
9. Се однесуваат националистички – 11 %
10. Имаат лоши заби – 8 %

Под најлошите каратеристики, испитувачите оставиле коментар: „Оваа анкета покажува дека има значителна позитивност во Британштината“, што докажува дека Британците барем можат да се гордеат со добрата смисла за хумор.

По Британскиот пример, можеме да составиме листа на најлоши каракеристики кои Македонците ги мислат за себе. Наведете 10 лоши особини кои мислите дека го карактеризираат нашиот народ, а листата испратете ни ја во порака на нашата Фејсбук страница. Да видиме што би промениле кај себе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com