HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОва е причината поради која Конте не сака да го продаде Матиќ!

Ова е причината поради која Конте не сака да го продаде Матиќ!

Откриено е што се случувало во последните неколку дена, а сега дефинитивно е јасно дека Србинот ќе остане во редовите на Челси. Челси вчера го направи последниот обид да го донесе Раџа Наинголан од Рома. Во Рим била испратена понуда од 40 милиони евра за Белгијанецот, кој Конте го смета за клуч на средината на теренот, кога се засилувањата во прашање. На Наинголан му беше понудена и плата од пет милиони по сезона, но на крај тој ќе остане во Рим.

Имено, Рома после заминувањето на Пјаниќ во Јувентус не смееше да си дозволи продажба на уште еден везист, понудата беше одбиена, па сега е јасно дека Матиќ ќе остане. Конте планира да игра во формација со двајца задни везни фудбалери, Канте и Матиќ, а се чини дека во тој тим ќе нема место за Фабрегас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com