HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОва е новата понуда на Челси за Лукаку!

Ова е новата понуда на Челси за Лукаку!

Новата понуда на Челси вклучува пари плус двајца играчи. Англиските медиуми денес пренесуваат дек Челси е подготвен да ја исправи грешката на Мурињо така што на „Гудисон Парк“ заедно со одредена сума на пари ќе ги испрати Лоик Реми и Асмир Беговиќ. Сумата која се очекува да биде понудена покрај голманот и напаѓачот, се уште не е позната.

Претходната понуда која стигна на адреса на Евертон од лондонскиот клуб беше одбиена, а изнесуваше 65 милиони фунти. Челси во 2014 година и го продаде белгискиот напаѓач на „Карамелите“ за 30 милиони фунти, а тој од тогаш постигна 50 погодоци во сите натпреварувања за клубот од Ливерпул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com