HomeФЕР ПЛЕЈРакометОбјавени термините на сите четирифинални двомечи – Вардарци играат на Велигден

Објавени термините на сите четирифинални двомечи – Вардарци играат на Велигден

 

Ова попладне Европската ракометна федерација ги објави термините на сите четири четртфинални двомечи во елитната Лига на шампиони, а како што се очекуваше, очите на македонската спортска јавност беа вперени кон пресметката меѓу Вардар и Веспрем преку која нашиот шампион ќе се обиде да обезбеди историски пласман на фајнал-фор турнирот во Келн.

Црвено – црните ќе имаат голема шанса на своите фанови да им го честитаат големиот празник Велигден со победа против Веспрем. Натрпреварот ќе се игра а 30ти април во Унгарија, а претходно воведниот натпревар ќе се одигра на 24 април во „Јане Сандански“ во Скопје

Кои се термините за сите четирифинални пресметки?

Вардар – Веспрем (23.04. и 30.04.)
ППД Загреб – ПСЖ (23.04. и 01.05.)
Кил – Барселона (24.04. и 27.04-01.05)
Фленсбург – Кјелце (23.04. и 27.04.)

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com