HomeДЕНЕШНАПолитикаОбјавени партиските донации: најбогата ВМРО ДПМНЕ, ДПА нема донатори

Објавени партиските донации: најбогата ВМРО ДПМНЕ, ДПА нема донатори

Државниот завод за ревизија ги објави партиските донации за 2015 година.

Владејачката политичка партија ВМРО–ДПМНЕ имала најмногу донации лани споредено со останатите три најголеми политички партии во земјава. Според податоците на Државниот завод за ревизија, лани во ВМРО – ДПМНЕ биле донирани 1,48 милиони евра од страна на 3.675 донатори. Донациите, според извештајот на оваа партија се движат од 2.000 денари па се до 100 илјади денари.

Највисока сума, 100 илјади денари на ВМРО ДПМНЕ минатата година им донирала фирмата КБ-Лида ДООЕЛ. Најголем физички донатор на владејачката партија е извесен Илија Србиновски. На листата на најголеми донатори на оваа партија се и актуелни пратеници. Во текот на два дена, 1100 лица од земјава донирале 40 проценти од вкупната донирана сума од 1 и пол милиони евра. На списокот се и Душко Миновски, екс-директор на Комисијата за заштита од дискриминација со 55 илјади денари, директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, со 30 илјади денари, директорката на Управата за санкции, Лидија Гавриловска, со 30 илјади денари.

СДСМ пријавиле донации од нешто малку повеќе од 10 илјади евра. Најдолем донатор е Илија Патриков, со 87 илјади денари. Веднаш зад него, е партискиот лидер, Зоран Заев, со доанција од 60 илјади денари, додека генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски, во два наврати донирал по 30, односно 40 илјади денари. Бранко Георгиевски е од поголемите донатори со 55 илјади денари, додека пратеникот Стојко Пауновски, двапати донирал по 15 илјади денари.

Во ДУИ, кои пријавиле донации од околу 240 илјади евра, како најголем донатор се појавува фирмата од Тетово, Арбериа Десижн Хасим, со еден милион и двесте илјади денари. Десет илјади евра донирал извесен Ертан Бајрами, а по околу 8 илјади евра, Џеват Зенели и Џемаил Јусуфи. Неколку лица донирале по пет илјади евра, додека донациите од по 500 – 600 евра партиското раководство ги претставило како членарина. 99 отсто од донаторите, се во раководството или членови на ДУИ.

Од најголемите партии, единствено ДПА не доставилa извештај со образложение, дека лани немале донации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com