HomeРЕФЛЕКТОРМузикаОбјавена официјалната химна за Европското првенство

Објавена официјалната химна за Европското првенство

Најголемиот хитмејкер и продуцент на денешницата Дејвид Гета, еден месец пред почетокот на Европското првенство во фудбал ја објави официјалната химна на ова натпреварување- „This One’s For You“. Еден од најголемите ди-џеи на денешницата ги здружи силите со младата шведска пејачка Зара Ларсон но и со милиони обожаватели ширум светот, чии гласови исто така можат да се слушнат во песната.

Кампањата за снимање на химната траела неколку месеци, а повеќе од милион љубители на фудбалот го снимиле својот глас, со што „This One’s For You” ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како песна со најмногу вокали во историјата. Гета и Ларсон песната ќе ја изведат во живо на церемонијата на отварањето на Европското првенство кое започнува на 10 јуни во Франција. Покрај тоа тие ќе одржат и бесплатен концерт под Ајфеловата Кула во Париз на 9 јуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com