HomeДЕНЕШНАПолитикаОБСЕ: Администрацијата под закана одела на контрапротести

ОБСЕ: Администрацијата под закана одела на контрапротести

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија добила сознанија дека се вршел притисок врз вработените во јавната администрација за да одат на контрапротести.

„Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР доби кредибилни наводи за притисок врз вработените во јавниот сектор да учествуваат на контра-демонстрациите, вклучително и закани за прекин на вработувањето, меѓутоа не беа поднесени официјални приговори. Неколку соговорници на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ова ѝ го припишаа на културата на страв од одмазда која постои во државните претпријатија и институции“, се вели во вториот периодичен извештај на мисијата, за периодот од 20 април до 11 мај, објавен попладнево.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се повикува и на извештаајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) што ги следи радиодифузерите во текот на изборниот период. Според тој извештај „приватните радиодифузери Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и ТВ Нова не ги покривале настаните објективно и непристрасно. Извештајот заклучува дека тие телевизии ги координирале нивните уреднички политики во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com