HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиОбезбедувањето на Груевски избриша слики од телефон на новинар на ТВ21

Обезбедувањето на Груевски избриша слики од телефон на новинар на ТВ21

Од телевизија 21 се пожалија дека обезбедувањето на Никола Груевски неовластено влегло во дворот на медиумот и го земале телефонот на еден од нивните новинари за да ги избришат сликите кои тој ги направил од екс премиерот додека бил на прошетка низ улица „Македонија“.

Според ТВ 21 политичарот се наоѓал на јавно место и немало ништо спорно во правење на слики од страна на новинарот. При конфротацијата од новинарот било побарано да покаже легитимација, а идентификација покажал и еден од обезбедувањето кој бил вработен во МВР.

Сметаме дека екс–премиерот е јавно лице, и во интерес на јавноста е да се знае што прави и како се однесува. Ја повикуваме неговата партија и министерството за внатрешни работи да се огласат за овој инцидент, велат од ТВ 21.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com