HomeДЕНЕШНАРепубликаОбвинителството ја отфрли кривичната за обид за убиство врз новинарот Денесовски

Обвинителството ја отфрли кривичната за обид за убиство врз новинарот Денесовски

Јавното обвинителство во Охрид донело решение со кое ја отфрла кривичната пријава од основен обвинител за делото обид за убиство против Н.Т. и С.Т. од Село Лесковец, кои минатата година го нападнаа новинарот, Сашо Денесовски.

Според решението од обвинителството, обид за убиство не е дело кое се гони по службена должност. Денесовски беше крвнички нападнат со метални шипки пред речиси една година во 2:30 часот во дворот на неговиот дом, при што се здоби со тешки телесни повреди, но и благодарение на неговата присебност, да се сокрие во неговото возило спаси жива глава.

– За Обвинителот Воислав Димовски, обидот за убиство не е кривично дело кое се гони по службена должност, ако беше убен Денесовски, можеби истиот овој обвинител повторно ќе проценел дека Денесовски бил толку упорен што непрекинато се мавал со метални шипки по глава?! За ваква ли правда говори Никола Груевски? Ова ли е неговиот независен правен систем, независно Обвинителство? Толку ли му се потребни уличари и убијци за да останат на власт? Не Никола Груевски, ќе одговарате сите до еден, вели уредникот на Охрид Скај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com