HomeДЕНЕШНАРегионОбвиненија за злосторствата на ОВК до крајот на оваа година

Обвиненија за злосторствата на ОВК до крајот на оваа година

Првите обвиненија пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК се очекуваат до крајот на оваа или почетокот на следната година, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

Како што се наведува Специјалниот суд за воени злосторства во текот на летово ќе вработува персонал и до крајот на годинава или почетокот на следнава ќе бидат покренати првите обвиненија против поранешни борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Претставници на Канцеларијата на ЕУ на Косово истакнаа дека се преземени сите логистички и административни чекори со цел Специјалните совети на судот да станат оперативни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com