HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвиненијата на СЈО во рацете на судијката која го осуди Кежаровски и судијка од „бомбите“

Обвиненијата на СЈО во рацете на судијката која го осуди Кежаровски и судијка од „бомбите“

Татјана Михајлова и Лидија Петровска се имињата на судијките кои ќе одлучуваат дали поранешниот премиер, Никола Груевски, поранешниот минситер за тарнспорт и врски, Миле Јанакиевски и поранешниот началник на петатта управа ќе седнат на обвинителни клупи.

Судијката Михајлова е позната по тоа што го водеше случајот Ликвидација, во кој првично на затворска казна од 4 години и 6 месеци беше осуден новинарот, Томислав Кежаровски а подоцна Апелација му ја симна на 2 години, додека името на судијката Петровска се спомнуваше во прислушуваните телефонски разговори кои ги објавуваше опозицијата.

Специјалното јавно обвинителство засега нема да побара изземање на судијката Лидија Петровска, изјави обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“. Јавните обвинители имаат право до претседателот на Основниот суд да поднесат барање за изземање на судијата, но тоа треба писмено да го образложат. Одлуката треба да ја донесе претседателот на Основниот суд Скопје 1.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com