HomeРЕФЛЕКТОРФилмОбвинение против Џим Кери поради смртта на неговата поранешна партнерка

Обвинение против Џим Кери поради смртта на неговата поранешна партнерка

Поднесена е тужба против американскиот актер Џим Кери поради соменение дека набавил дрога за својата поранешна партнерка која минатата година извршила самоубиство. Сопругот на поранешната девојка на Џим Кери Катрионе Вајт, Марк Бартон, тврди дека актерот го злоупотребил своето богатство и својата слава за нелегално да набавува дрога и понекогаш смртоносни супстанции.

Обвинението против Кери било поднесено на судот во Лос Анџелес, една година после смртта на Катрионе. Како што стои во обвинението, Катрионе Вајт починала на 25 септември 2015 година, откако истовремено земала таблети за спиење, бета блокатори и огромна доза на јаки лекови против болки. Токму кога таа почина медиумите пишуваа за нејзината бурна врска со Џим Кери. Џим Кери изјави дека е шокиран и дека му е многу жал поради нејзината смрт.

katriona-i-keri-f1

Адвокатот на Џим Кери изјави дека Катрионе Вајт украла рецепти од доктор од неговиот клиент, а актерот изјави дека „сака својата чест да ја одбрани пред судот“. „Голема срамота“, напиша актерот во соопштението, дека би му било полесно да седне на маса со адвокатот на тој човек и да го повлече обвинението, но дека постојат моменти во животот кога треба да ја одбраните вашата чест.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com