HomeДЕНЕШНАСветОбама призна дека интервенцијата во Либија била голема грешка

Обама призна дека интервенцијата во Либија била голема грешка

Американскиот претседател Барак Обама призна дека најголема грешка на неговата политика била воената интервенција во Либија. Запрашан да ја издвои најголемата грешка за време на претседателскиот мандат, Обама рече дека тоа е неуспехот во планирањето по интервенцијата во Либија, иако тогаш верувал дека тоа е добра идеја.

Додаде дека негов приоритет била борбата против Исламска држава, но дека таа борба не треба да противречи на американските вредности, да шири паника и да ги раздвојува луѓето.

„Мојата работа број еден е да ги заштитам Американците, а приоритет број еден да ја победам Исламска држава. Јас сум тој што се среќава со семејствата на жртвите на терористичките напади, обидувајќи се да ги утешам, загрнам. Затоа ви велам, тоа е мојата најважна работа“, рече Обама во интервјуто за телевизијата Фокс њуз.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com