HomeДЕНЕШНАСветОбама: Исламска држава е во дефанзива

Обама: Исламска држава е во дефанзива

Американскиот претседател, Барак Обама изјави денеска дека коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава во Сирија и Ирак ја принудила милитантната група на дефанзива, ја намалила нејзината територија и ги убила клучните лидери.

„Варварската природа на организацијата го обединува светот и ја јакне одлучноста на коалицијата да ги искорени терористите“, рече Обама во кусото обраќање по состанокот со советниците за национална безбедност во седиштето на ЦИА.

„ИД е во дефанзива, Ние го имаме импулсот“, нагласи Обама, пренесува Си-Ен-Ен. Тој додаде дека САД и светот мораат да му помогнат на Ирак да ги стабилизира своите градови кои беа под контрола на ИД.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com