HomeДЕНЕШНАСветОбама ги продолжи санкциите против сомнителните Балканци

Обама ги продолжи санкциите против сомнителните Балканци

Американскиот претседател Барак Обама вчера продолжи да се продолжат за уште една година, санкциите против поединци и организации кои ја поткопуваат стабилноста на Западен Балкан, пишува во соопштението на Белата куќа во кое се наведува дека станува збор за осигурување на безбедноста во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во извештаите не се наведени имињата на лицата и организациите на кои се однесуваат американските санкции. Рестрикциите вклучуваат забрана за влез во САД и замрзнување на активите на поединците и субјектите во американските банки, а на компаниите и американските државјани им е забрането да имаат деловни контакти со овие физички и правни лица.

Санкциите првпат беа воведени со претседателскиот декрет од 26-ти јуни 2001 година, а беа изменети во мај 2003 година, во времето на претходниот американски претседател Џорџ В. Буш, во врска со тогашните ситуации во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, каде штотуку заврши конфликтот, против субјектите кои според Вашингтон ги нарушуваат или ги загрозуваат договорите за политичко решение на конфликтите во овие земји во текот на 90-те години од минатиот век и првите години по 2000-та.

Потребата од продолжувањето на рестриктивните мерки, според претседателот Барак Обама, се должи на тоа што сé уште постои закана од екстремизмот.

Санкциите се продолжуваат против оние коишто „учествуваат или поддржуваат финансиски или на друг начин екстремистичко насилство“ во споменатите земји, како и за „попречување на спроведувањето на Дејтонскиот договор (за мирот во БиХ) или резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН од 10-ти јуни 1990 година за Косово“.

Во документот потпишан од Обама се истакнува дека „активностите на овие лица, кои ги поткопуваат мирот и меѓународните напори за стабилизација на ситуацијата на Западен Балкан, продолжуваат да претставуваат голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“. Овој документ, според американските закони, е испратен во Конгресот.

Истата формулација претседателот Обама ја користеше и претходно, кога носеше одлука за продолжување на овие закани. Според тоа, се заклучува дека во Вашингтон сметаат дека ситуацијата во ткн Западен Балкан, не се изменила.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com