HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНумерата „Closer“ најпопуларна во Британија, Америка и Австралија

Нумерата „Closer“ најпопуларна во Британија, Америка и Австралија

Составот „The Chainsmokers“ во соработка со американската пејачка Хелзи оваа недела може да се пофали со најпродаваната нумера во Велика Британија, Америка и Австралија додека првата позиција на најпродавани албуми и припадна на Барбара Стрејсенд. „The Chainsmokers“ во соработка со Хелзи со синглот „Closer“ од првата позиција ги тргнаа Џастин Бибер, Major Lazor, и данската пејачката MØ и нејзината песна „Cold Water“, која после пет недели на првото место сега се најде на третата позиција.

Ди-џеј Снејк и Џастин Бибер со песната „Let Me Love You“ веќе четврта недела се на втората позиција на британските топ-листи, додека на четвртото место како и минатата недела се најде Калум Скот со еден од најпродаваните песни ова лето, „Dancing On My Own“.

На првото место од топ-листите на најпродавани албуми се најде Барбара Стрејсенд, која за неа ова е седмо прво место во кариерата. Нејзиниот 35 студиски албум Encore: Movie Partners Sing Braodway во оваа недела беше продаден во повеќе од 20.000 примероци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com