HomeДЕНЕШНАПолитикаНуланд со притисок за решавање на политичката криза

Нуланд со притисок за решавање на политичката криза

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд, денеска во Американската амбасада се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мандух Тачи, по што во партиските седишта ќе има средби и со претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ахмети по средбата со Нуланд не даде изјава за медиумите. Тачи, пак, ја пренесе, како што наведе, пораката од помошниокот-државен секретар на САД дека сега е моментумот да се направи се за да се прекине политичката криза и да биде постигнат договор за одржување избори.

Според Тачи, на средбата повеќе било разговарано за стратешките определби за излез на земјата од кризата отколку за конкретни насоки. Тачи посочи дека очекува политичките лидери денеска да добијат многу поостри пораки за решавање на кризата.

Претходно, Викторија Нуланд во Амбасадата на Скопје имала средби и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓански организации.

По серијата средби во Скопје, Нуланд треба да одржи прес-конференција во Американската амбасада на која се очекува информира за разговорите со партиските лидери и за нејзините очекувања за надминување на политичката криза во Македонија.

Извор: МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com