HomeДЕНЕШНАПолитикаНуланд: Поддршка за СЈО и фер услови за избори

Нуланд: Поддршка за СЈО и фер услови за избори

Викторија Нуланд, високиот претставник од Стејт Департментот на САД, по денешните средби со политичките лидери во Македонија посочи дека разговорите се одвивале конструктивно и дека возможно е да се постигне договор за излез од политичката криза.

nuland zaev

Клучно ќе биде договорот од Пржино да се врати на дневен ред и да се дополни со повеќе реформи во најважните области кои ќе гарантираат фер и демократски избори најверојатно во ноември.

nuland obrakanke

„Го напуштам Скопје охрабрена дека во наредниве денови се надеваме дека преговарачките тимови ќе се здружат околу идеите што се сега на маса и дека ќе направат нацрт за пат кон избори. За ова очигледно ќе треба политичка волја на сите страни, а јас почувствував дека таа волја ја има, на состаноците што ги имав денеска. И се разбира, амбасадорот Бејли и нашиот тим ќе ја продолжат својата силна работа заедно со ЕУ за да помогнат со сите сили да постигнат договор што поскоро“, изјави Викторија Нуланд.

 

Исто така неопходна е целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство, а Нуланд утрово се сретна и со Катица Јанева. СЈО е клучна институција за враќање на довербата во правосудниот систем и затоа потребна е соработка со сите државни органи.

За спроведување на фер избори потребно е да се формира нова Влада која ќе се раководи според насоките на договорот од Пржино, а останува и прашањето за решавање на состојбата во медиумите и целосно прочистување на избирачкиот список.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com