HomeДЕНЕШНАСкопјеНоќна авантура на Водно – Осветли го Скопје

Ноќна авантура на Водно – Осветли го Скопје

Разбранувајте го секојдневието со малку поинаква рекреација. Ноќно качување на Водно. Настанот ќе се одржи во четврток 19:30 часот (30.06.2016). Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе пешачиме е долга прилично 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Стартно и собирно место- пред “Оу. Кочо Рацин”. во 19:15 часот.(на истото место ќе се вратиме околу 12:00 часот по полноќ)

-Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат Кај фонтаната во 19:45 часот.
osvetli go skopje 1
Ќе имаме 1 официјална пауза:
– На Средно Водно (5 до 10 минути)

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– резервна маица
– 0,5 литри вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно водно – стои во повикот на Фејсбук.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com