HomeДЕНЕШНАСветНосењето на буркини сепак дозволено!

Носењето на буркини сепак дозволено!

Повисокиот француски управен суд ја негираше контроверзната забрана за носење на буркини, костим за капење кој го покрива телото, после бран од критики откако на некои муслиманки и беше наредено на плажа да го соблечат овој костим. Денешната одлука на судот, или на Државниот совет, се однесува на забраната за носење на буркини во местото Вилнев-Лубе, но се очекува оваа одлука да биде обврзувачка и да важи за сите триесет француски летувалишта каде се издадени слични вакви забрани.

Адвокататите на две групи за одбрана на човекови права поднеле жалба барајќи да се испита легалноста на таа забрана, со наводи дека оваа забрана ги крши основните слободи и дека градоначалниците во градовите каде биле воведени овие забрани ги преминале своите овластувања со тоа што им наредувале на жените што смеат да носат на плажите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com