HomeДЕНЕШНАПолитикаНов Универзитет по скратена постапка додека Пленумот го брани УКИМ

Нов Универзитет по скратена постапка додека Пленумот го брани УКИМ

Предлогот за формирање на нов универзитет именуван Дамјан Груев се врати во собранието и тоа по скратена постапка. Оригиналниот предлог сега е дополнет со уште три факултети, а владејачката ВМРО ДПМНЕ очекува подобрување на конкуренцијата и уривање на наводен монопол во високото образование.

Од друга страна, од СДСМ забележуваат дека предлогот влегува во процедура додека тие ги имаат замрзнато активностите во законодавниот дом. Претходниот предлог за нов универзитет заглави во матичната комисија за образование наука и спорт поради бројни амандмани на членовите од опозицијата.

Ова доаѓа во најтурбулентниот период во македонското високо образование. Вчера во Собранието се туркаше нов Универзитет по скратена постапка, додека Студентскиот пленум се обидуваше да го одбрани најстариот Универзитет во земјава од, како што велат, нелегитимните избори за Ректор. Пред ректоратот беше тензично, а Пленумот не ја оствари својата цел бидејќи секако беа одржани избори и беше избран нов Ректор. Студентите реагираат дека ова е уште еден обид комплетно да се прегази автономијата на најстариот и најценетиот Универзитет во Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com