HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов спот на групата „Die Antwoord“

Нов спот на групата „Die Antwoord“

Рејв-рап дуото „Die Antwoord“ го објави првиот спот за првата песна од нивниот предстоечки албум „Mount Ninji And Da Nice Time Kid“. Спотот за нумерата „Banana Brain“ на јужноафриканскиот бенд е најава за новиот албум. Бендот во песната го споменува и јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писторијус, кој трчаше со протези пред да биде обвинет и осуден за брутално убиство на својата девојка.

Според изјавите кои нешто порано годинава ги даваа членовите на бендот, Јоланда и Нинџа, новиот албум ќе биде преполн со „мрачни сцени“. Покрај тоа, албумот „Mount Ninji And Da Nice Time Kid“ ќе биде и „сладок и романтичен, а некогаш и полн со мистерии, наведуваат членовите на ова дуо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com