HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов спот на Гвен Стефани

Нов спот на Гвен Стефани

Гвен Стефани објави спот за третата нумера „Misery“ од албумот „This Is What the Truth Feels Like“ кој излезе во март, а една недела после објавувањето се најде на „Билборд“ листата од најслушани албуми. Песната е посветена на нејзиниот дечко, кантри пејачот Блејк Шелтон.

Покрај песната „Misery“, Стефани неодамна ја објави и нумерата „Used to Love You и Make Me Like You“. Можеби токму со новата песна ќе успее да влезе во топ 50 синглови од листата на „Билборд“ на најпопуларни песни. Новиот спот беше режиран од страна на Софи Милер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com