HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов спот за стара песна на Тејлор Свифт

Нов спот за стара песна на Тејлор Свифт

Познатата американска пејачка Тејлор Свифт објави нов спот за песната „New Romantics“, од последниот албум кој доби Греми награда „1989“, кој е објавен уште од 2014 година. Обожавателите на младата музичка ѕвезда беа прилично разочарани откако новиот спот за песната „New Romantics“ беше објавен само на „Епл мјузик“ сервисот, па така овој спот можеа да го погледнат само оние кои биле спремни да платат претплата за овој сервис.

„Грешката“ беше исправена, па сега видео клипот може да се погледне на „Youtube“ и слични сајтови. Како што тоа г о правеше и со поранешните албуми и турнеи, Свифт и во овој случај за последниот сингл од албумот објави спот со кој ги сумира најдобрите моменти од турнејата. Нејзината турнеја „1989 Wоrld Tour“ беше во центарот на вниманието и може слободно да се каже дека важеше за еден од најголемите настани за минатата година во поп музиката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com