HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов спот за песната на Адам Левин „Go Now“

Нов спот за песната на Адам Левин „Go Now“

Песната на фронтменот на групата „Мaroon 5“ Адам Левин „Go Now“, беше искористена за филмот „Sing Street”. Во новиот видео спот се менуваат сцени од фронтменот Адам Левин во студиото и сцени од филмот. Дејството од филмот „Sing Street” се одвива во осумдесетите години од минатиот век и се зборува за дечко од Ирска кој основа свој бенд за да ја импресионира девојката која му се допаѓа. Филмот ќе започне да се прикажува во кино салите во САД од 15 април. Покрај песната на Левин „Go Now“, во овој филм уште се наоѓаат песни и од бендовите „Motorhead“, „Duran Duran“, „Hall and Oates“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com