HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСлушнете го новиот сингл на Ерик Клептон

Слушнете го новиот сингл на Ерик Клептон

Легендарниот музичар Ерик Клептон објави нов сингл „Can’t Let You Do It“, со кој го најавува своето 23 студиско издание. За потребите на снимањето на новиот албум Клептон повторно ги здружи силите со продуцентот Глин Џонсон, со кој работеше на албумот „Slowhand“ од далечната 1977 година. Многу веројатно е дека името на новиот албум ќе биде „I Still Do“, а во продажба би требало да се најде од 20 мај. Новиот албум доаѓа после изданијата „The Breeze“, „An Appreciation of JJ Cale“ од 2014 година, и ќе донесе 12 нови песни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com