HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов сингл на Ели Гулдинг од филмот „Bridget Jones’s Baby“

Нов сингл на Ели Гулдинг од филмот „Bridget Jones’s Baby“

Ели Гулдинг го претстави својот нов сингл „Still Falling For You“, кој воедно ќе биде и дел од официјалната музика за британската романтична комедија „Bridget Jones’s Baby“. Филмот премиерно ќе биде прикажан на 16 септември, а главните улоги ги толкуваат филмските ѕвезди Рене Зелвегер и Колин Фирт, под режисерка палка на велшанката Шерон Мегвајер.

Ова е трето продолжение од сагата за Бриџит Џоунс и се појавува како продолжение на претходниот филм од 2004 година. Ели Гулдинг оваа година настапуваше на овогодинешното издание на фестивалот „Еxit“ на Петроваадинската тврдина во Нов Сад.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com