HomeДЕНЕШНАСветНов режим за влез во Европската Унија

Нов режим за влез во Европската Унија

Предлогот ЕУ да воведе задолжителна регистрација за влез на нејзина територија ќе биде претставен веќе во ноември, а денеска го најави лично претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер. Со овој систем, се предлага, секој граѓанин на земја што не е членка на ЕУ, од јануари 2017 година да мора да се регистрира 72 часа пред да влезе во некоја од земјите членки.

Овој систем подразбира внесување на личните податоци и местото каде се патува 72 часа пред патувањето. Освен тоа, за секој влез ќе се плаќа по 10 евра. Има предлози оваа такса да биде дури и 50 евра за повеќе влеза. Сличен систем веќе подолг период се применува за државјаните на земјите членки на ЕУ за влез во САД без потреба од визи.

Главната причина за евентуалното воведување на овој систем е безбедносниот аспект. Со овој систем службите на ЕУ-земјите однапред би ги имале податоците на лицата што имаат намера да допатуваат во Унијата. Нов

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com