HomeДЕНЕШНАПолитикаНов масовен протест на „Шарената револуција“ закажан за понеделник

Нов масовен протест на „Шарената револуција“ закажан за понеделник

Демонстрантите од „Шарената револуција“ закажаа нов голем протест кој треба да се одржи во понеделник (27.06) со почеток од 19 часот традиционално пред седиштето на СЈО со што ќе одбележат 80 дена од стартувањето на речиси секојдневните протести.

„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните“, порачаа демонстрантите на социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com