HomeГИГА БАЈТХај текВидео: Нов изум на Јапонците, Дизајнираат невидлив воз!

Видео: Нов изум на Јапонците, Дизајнираат невидлив воз!

По повод 100 години постоење на јапонските железнички станици „Seibu Railway Co“, тие најавија дека ќе направат нов изум, односно ќе дизајнираат невидлив воз! Возот наречен „Red Arrow“ би требало да биде завршен до 2018 година. Овој воз би требало да биде составен од осум вагони и да покрива површина од 178 метри. Овој воз нема да биде целосно невидлив, односно надворешноста на возот треба да виде високо рефлектирачка, што ќе му овозможи на возот да се спои со околината.

Интересно е тоа што оваа техника ќе може да се примени и на веќе постоечките возови. За овој дизајн ќе биде ангажирана угледната јапонска архитектка Казујо Сејима, чиј дизајн е познат по модернистичките елементи. До сега  не се откриени поголеми детали околу дизајнот, но според одредени пишувањата на медиумите, надворешноста на возот ќе биде заменета со полу-проѕирни панели како огледала, што според аритектката Сејима би требало да претставува до сега невиден спој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com