HomeДЕНЕШНАЕкономијаНов евтин лет од Скопје до Хановер

Нов евтин лет од Скопје до Хановер

Нискобуџетната компанија Виз Ер најави нова евтина авионска линија Скопје-Хановер која на патниците ќе им биде на располагање два пати неделно. Почнувајќи од 1 ноември ниско буџетната компанија ќе сообраќа на оваа нова линија во вторник и сабота со билети кои ќе имаат цена од 1,199 денари.

Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија, е важен трговски и фестовалски центар, познат по Октоберфест Хановер, втор по големина Октоберфест во светот, и по Хановер Schützenfest – најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е познат и како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com