HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНов доказ дека Погба наскоро заминува!

Нов доказ дека Погба наскоро заминува!

Денешниот потег на менаџментот на „Бјанконерите“ недвосмислено покажува на тоа дека до разделба сепак ќе дојде. Јувентус го повлече дресот на Погба од понудите во својата онлајн продавница. Оваа информација им послужи на италијанските медиуми за шпекулациите дека трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед е само прашање на тоа „кога“ ќе се случи а не „дали“ ќе дојде до овој трансфер.

Ова ќе биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. „Старата дама“ со продажбата на одличниот везист ќе заработи 116 милиони евра, а „Ѓаволите“ за исправањето на една од најголемите грешки на Сер Алекс Фергусон ќе мора да исплатат неверојатни 269 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com